Манчестер Јунајтед пропушти да забележи победа против Челзи среде „Стемфорд Бриџ“ и одигра само 2: 2, откако „сините“ постигнаа гол во последните секунди од натпреварот.
Италијанскиот шампион Јувентус и Сампдорија имаат најсилна одбрана од почетокот на сезоната во Серија „А“, додека Милан е на дното според овој репер.
Дваесетгодишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ влезе во историјата на Бундеслигата минатата ноќ откако стана најмладиот играч во елитата на Германија со пет погодоци во еден натпревар. Србинот погоди пет пати за успехот на тимот над Фортуна со 7:1 и поведе во листата на стрелците.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде го повикал на разговор полудефанзивецот Артуро Видал, кој на социјалните мрежи изрази незадоволство од недостигот на минути на теренот.
Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун најави дека конструкторот нема да влезе во американските автомобилски серии „Индикар“ следната година, но има шанса Фернандо Алонсо да земе учество во Инди 500 со нивна поддршка.
Тимот полн со супер ѕвезди и шампион на НБА, Голден Стејт Вориорс, доби неочекуван херој, кој им донесе успех над Јута Џез со звукот на сирената.
Барселона и Нејмар продолжуваат со судските битки и во позадина на ова, евентуалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“ се чини малку веројатно, тврди „АС“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо призна дека неговата самодоверба е на ниско ниво поради безбројните критики кон неговата работа и постојаните шпекулации кога ќе биде разрешен од функцијата.
Шампионот на Евролигата од минатата сезона, Реал Мадрид ја победи Баскија со 97:79 во шпанското дерби во третиот круг на турнирот. Домаќините стигнаа до убедлив успех по силната последна четвртина. Серхио Љул одигра силен меч за Реал и постигна 23 поени. Руди Фернандез додаде 14 поени. За Баскија, Марселињо Версас заврши со 14 поени.
Пилотот на Дукати, Андреа Довициозо освои пол-позиција за утрешната Гран При на Јапонија во МотоГП и има одлична можност да му попречи на лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез да стане шампион за сезоната 2018 уште во Јапонија, три круга пред последната трка во Валенсија.