Раководствата на Севиља и Милан постигнаа договор за трансферот на напаѓачот Андре Силва, соопштува „Марка“. Според информациите, 22-годишниот фудбалер ќе игра под наем на „Рамон Санчез Писхуан“.
Шаховскиот клуб „Алкалоид“, повторно во борба за европски медал. „Алкалоид“ како Европски Клупски Шампион во шах за 2016 година и вицешампион за 2017 година и оваа година амбициозно се подготвува за најсилното клупско шаховско натпреварување – Европски Клупски Куп (European Club Cup), кое ќе се одржи во октомври во Порто Карас, Грција.
Четирикратниот шампион Новак Ѓоковиќ отпадна во 1/8-финалето на „Роџерс купот“ во Торонто, по изненадувачки пораз од тинејџерот Стефанос Циципас. Деветнаесетодишниот Грк триумфираше со 6:3, 6:7 (5), 6:3 и ја постигна највредната победа во досегашната кариера.
Силниот Зенит Санкт Петербург беше декласиран со 4:0 на гостувањето во Белорусија кај Динамо Минск, а со истиот резултат беше поразен холандски Феенорд во Словачка од Тренчин.
Тотенхем влезе во историјата на англискиот фудбал, откако по затворањето на трансфер пазарот во Англија стана првиот клуб во Премиер лигата, барем кога е во прашање актуелниот формат кој датира од 2003 година, кој не направи ниту еден трансфер.
Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ по само една година помината во Милан, направи трансфер во Атлетико Мадрид и потпиша тригoдишен договор со шпанскиот клуб.
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски обезбеди пласман во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Нови Сад, Србија.
Тој доаѓа од француската екипа Сесон и има 28 години, а игра на позицијата среден бек.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни, го поддржа тренерот Жозе Мурињо и оцени дека до крајот на преодниот рок на „Олд Трафорд“ треба да дојдат уште две засилувања за клубот да биде конкурентен во борбата за титулата.
Голманот Тибо Куртоа на претставувањето во Реал Мадрид истакна дека со доаѓањето во „кралскиот“ клуб му се исполнил сонот.