Раководствата на Севиља и Милан постигнаа договор за трансферот на напаѓачот Андре Силва, соопштува „Марка“. Според информациите, 22-годишниот фудбалер ќе игра под наем на „Рамон Санчез Писхуан“. Севиља ќе има можност да ги откупи целосно правата на португалскиот репрезентативец следното лето за сума од 38 милиони евра. Минатата сезона, Андре Силва постигна 10 гола во 40 натпревари за Милан, но само два од погодоците беа означени во дуелите од Серија А. Португалскиот напаѓач исто така има и 10 асистенции на својата сметка. Минатото лето Милан плати 38 милиони евра на Порто за Силва, но цената на португалскиот напаѓач сериозно се намали во последните месеци.