По гласините дека Брахим Дијаз ќе се пресели од Манчестер сити во Реал Мадрид, тренерот Пеп Гвардиола истакна дека нема да дозволи таков трансфер.
Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро изјави дека со нетрпение го очекува натпреварот против Рафаел Надал за пласман во финалето на Ју-Ес опен.
Хуан Карлос Наваро официјално стави крај на неговата импресивна кариера. По објавувањето на веста пред неколку недели, сега „Ла Бомба“ се збогува со матичниот клуб на специјална церемонија, на која присуствуваа бројни негови поранешни тренери и соиграчи и на која од каталонскиот клуб ги извадија од музејот буквално сите трофеи, освоени од Шпанецот со „црвено-синиот“ дрес.
Луис Хамилтон призна дека Кими Раиконен ќе му недостасува од моментот кога ќе заврши кариерата на Финецот како пилот во Формула 1.
Екипата на Металург по двата пораза во првите две кола на СЕХА лигата против Вардар и Мешков Брест, во третото коло на регионалното натпреварување го пречекува Нексе во Скопје.
Македонскиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски денеска потпиша со „Еурофарм Работник“.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез изјави дека од Интер сакале да го земат Лука Модриќ без пари.
Селекторот на Германија, Јоаким Лев зборуваше првпат сосема отворено за Месут Озил и неговата одлука да се повлече од националниот тим, наведувајќи го како причина расистичкиот однос кон него.
Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека неговиот поранешен клуб Наполи заслужува да го освои Скудетото и да стави крај на владеењето на Јувентус во Италија. Наполи минатата сезона освои 91 поен, но ова не беше доволно за да биде пред Јувентус, туку само за рекорден број поени на второпласираниот во Серија А.
Американката Серена Вилијамс ја победи Анастасија Севастова во два сета и ќе се бори за титулата на Ју Ес Опен.