Германскиот шампион Баерн Минхен сака да го купи напаѓачот на Баер Леверкузен, Леон Бејли.

Според „ЕСПН“ Баварците се подготвени да платат 60 милиони евра за репрезентативецот на Јамајка.

Оваа сезона, 20-годишниот Бејли играше 34 натпревари за „фармацевтите“ и постигна 12 гола, а запиша и шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2018 00:13