Плејмејкерот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари истакна дека Западната конференција станала многу посилна со доаѓањето на Леброн Џејмс во Лос Анџелес лејкерс, но дека неговиот тим не се плаши од конкуренцијата.
Тренерот на кошаркарскиот клуб Реал Мадрид, Пабло Ласо беше прогласен за најдобар во Евролигата за минатата сезона, во која тој ги предводеше „кралевите“ до титулата шампион на Ф4 турнирот, кој се одигра во Белград.
Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Јорданчо Давитков, денес на прес-конференција, која е свикана на негова иницијатива, ги расчисти сите шпекулации во однос на неговото останување на чело на „жолто-црвените“.
Англискиот клуб Челзи на својата веб-страница и официјално ја потврди разделбата со Антонио Конте. Под водство на Италијанецот, „сините“ ја освоија својата шеста титула во Англија и по осми пат во својата историја го кренаа трофејот од ФА Купот.
Англиски Ливерпул ја активираше клаузулата за ослободување во договорот на швајцарската ѕвезда Џердан Шаќири со Стоук Сити, пишува „Ливерпул Ехо“.
Манчестер Јунајтед ги насочил своите сили за да го договори трансферот на Хари Мегваер од Лестер, објави денес „Дејли мејл“.
Играчот од средниот ред, Хамес Родригез сака да се врати во Реал Мадрид, пренесе „Марка“ на својата прва страница.
Рафаел Надал верува дека „сè може да се случи“ на претстојниот полуфинален натпревар со Новак Ѓоковиќ на „Вимблдон“ денеска. Надал, исто така, смета дека не може да си дозволи да покаже нешто помалку од максимумот против Србинот.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 170 милиони евра за трансфер на најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар и да го доведе како замена за Кристијано Роналдо.
Одличниот плејмејкер минатата сезона ја започна во Кливленд и заврши во Лејкерс, а сега се согласи да заигра за минимална плата во тимот од Колорадо. Томас се бореше со повреда минатата сезона, но доколку биде подготвен, тој може да биде големо засилување за тимот од Колорадо.