Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“
Поради вас срцето ми чука надвор од телото, длабок поклон до македонскиот народ, вие сте наше се, истакна Самсоненко во своето емотивно обраќање.
„Оваа титула е за Македонија, сите треба да бидат горди на овој успех“, истакна во своето обраќање при пречекот на плоштад.
Чупиќ во својот емотивен говор при пречекот на плоштадот истакна дека е горд што денес е Македонец.
Евроските спортски освојувачи пристигнаа на градскиот плоштад каде што се насобрани десетици илјади број на граѓани да го поздрават нивниот успех.
Десетици илјади граѓани се наоѓаат на плоштадот каде што нестрпливо го очекуваат пристигнувањето на Европските шампиони.
Вардарци пред еден час слетаа на аеродромот „Александар Велики“ и со овации беа дочекани од илјадници граѓани.
Ракометарите на Вардар кои во неделата го освоија трофејот во Лигата на шампионите претпладнево слетаа на скопскиот аеродром.
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, донесе одлука да ги одликува членовите на ракометниот клуб Вардар со „Медал за заслуги за Македонија“, а на РК Вардар ќе му биде доделено високо признание „Повелба на Република Македонија“.
Знаете ли каде Реал и Манчестер Јунајтед ќе го одиграат натпреварот од Супер купот? Во Скопје кој го има најмодерниот стадион на Балканот, изјави Червар.