Македонскиот ракометен вицешампион Алкалоид попладнево убедливо го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 42:29 и остана со максимален учинок по три одиграни натпревари сезонава во А-групата од Суперлигата.
Маратонката од Етиопија, Тигист Асефа денес постави светски рекорд на трката во Берлин. Дваесет и деветгодишната атлетичарка патеката ја мина за 2 часа 11 минути и 53 секунди.
Напаѓачот на Баерн, Хари Кејн постигна три гола вчера против Бохум (7:0) во 5. коло од германскиот шампионат.
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг се повреди на вчерашниот натпревар од 6. коло на Ла Лига против Селта Виго (3:2), пренесува клупската прес-служба на Каталонците.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг како исклучително важна ја оцени победата (1:0) над Барнли вчера на гостински терен во натпреварот од 6. коло од Премиер лигата.
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на Формула 1 трката за Големата награда на Јапонија возена утринава во Сузука.
Грчката тенисерка Марија Сакари ноќеска ја победи Американката Каролин Доулхејд во финалето на турнирот во Гвадалахара со резултат 7:5, 6:3.
МЗТ Скопје Аеродром синоќа го освои првиот трофеј во новата сезона. Во натпреварот од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ аеродромци беа подобри од екипата на Феникс со 76:54
Барселона вчеравечер на домашен терен ја победи Селта со 3:2 во натпреварот од 6. коло на шпанското фудбалско првенство. Каталонците победија, иако до 81. минута губеа со резултат 0:2.
Кинеската тенисерка Ванг Ксиу го освои својот прв ВТА трофеј во кариерата, откако денеска триумфираше на турнирот во Гвангжу.