Жиру игра многу ретко откако Френк Лампард ја презеде функцијата менаџер на „Стемфорд Бриџ“. Светскиот шампион со Франција има само 7 настапи од почетокот на сезоната, и тој не може да си дозволи да седи на клупата, доколку сака да биде дел од тимот на ЕП 2020.
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар поднесе нова тужба против Барселона за неисплатени плати од 3,5 милиони евра, според шпанскиот весник „Ел Мундо“.
Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон остро се спротивстави на создавање на европска Суперлига.
Поранешниот аргентински репрезентативец Езекиел Лавеци ја заврши фудбалската кариера. Тој ја објави веста на социјалните мрежи, придружена со колаж од неговите фотографии на теренот.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез зборуваше за поранешниот голман на тимот, Икер Каскиас.
Златан Ибрахимовиќ изненади со својата исповед за својот омилен фудбалер.
Менторот на Барселона, Ернесто Валверде, даде прес-конференција пред утрешниот судир на Каталонците против Реал Сосиедад. 55-годишниот стратег планира прво да се фокусира на утрешната средба, бидејќи смета дека посетите на тимот во Баскија се исто толку тешки како и натпреварите против вечниот ривал Реал Мадрид.
На Манчестер јунајтед им треба време да се развијат, но треба да се борат да се квалификуваат за првите четири во Премиер лигата, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер.
Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, го продолжи за уште две сезони договорот со клубот до јуни 2024 година.
Јирген Клоп го изрази задоволството од неговиот нов договор со Ливерпул и објави дека не размислувал да ги напушти „црвените“.