Играчот од средниот ред на Наполи, Хозе Кајехон, го отфрли предлогот на клубот за нов договор. Неговиот сегашен договор истекува на крајот на оваа сезона.

Агентот на играчот Хозе Марија Килон не исклучува дека сепак може да се постигне компромис меѓу двете страни.

– Тој може да потпише договор, но сега не сакаме да се грижиме околу тоа. Претставниците на Наполи не ми се јавиле еден месец. Мислам дека ќе разговараме повеќе сега бидејќи прозорецот за трансфер е веќе затворен. Тие ни направија понуда, но таа не му се допадна на играчот, рече агентот. Триесет и две-годишниот Шпанец оваа сезона одигра два натпревари за Наполи и постигна еден гол и направи две асистенции. Кајехон е во тимот од 2013 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 22:01