Францускиот фудбалски репрезентативец и член на Барселона, Антоан Гризман ја поддржа идејата за прекинување на натпреварите заради хомофобија или расизмот.

Во првенството на Франција на стартот на сезоната веќе имаше неколку прекини на средби.

– Мислам дека е правилна одлука да се прекинат натпреварите заради хомофобични или расистички плачења. Ако ги прекинеме натпреварите, луѓето нема да бидат среќни и ќе престанат да го прават тоа, изјави Гризман.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2019 21:30