Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон изјави денеска дека прв избор за тренер на тимот е Жозе Мурињо и дека со него веќе е контактирано.
Српскиот офанзивен халф на Ајакс, Душан Тадиќ постигна нешто импресивно синоќа. 30-годишниот играч го постигна третиот гол (за 0:3 во 62-тата минута) за гигантот од Амстердам при победата со 4:1 на Холанѓаните среде „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во Лигата на Шампионите.
Интер доживеа сериозен удар пред натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лига Европа.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино беше казнет од Фудбалската асоцијација на Англија за два натпревари поради конфликтот со судијата Мајк Дин по крајот на дуелот со Барнли кој „петлите“ го загубија со 1:2.
Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер призна дека не знае дали се уште има договор со Молде.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, беше многу задоволен по пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лондонскиот тим победи со 1:0 како гостин на Борусија Дортмунд и со вкупен резултат од 4:0 се најде во следната фаза од турнирот на богатите.
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го посочи поразот од Ајакс со 1:4 и елиминацијата уште во осминафиналето на Лигата на Шампионите како најкошмарниот момент во неговата фудбалската кариера.
Сериозна самодоверба демонстрира дефанзивецот на Ајакс, Матеис де Лихт по победата со 4:1 над Реал Мадрид во осминафиналниот реванш дуел од Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал изгуби се што можеше да изгуби оваа сезона за само шест дена, и тоа среде Мадрид. Со три порази на „Сантијаго Бернабеу“ за Купот, Примера и Лигата на шампиони, клубот ги изгуби речиси сите шанси за трофеј до крајот на сезоната.
Tренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг беше пресреќен по успехот на тимот со 4:1 на „Сантијаго Бернабеу“, со кој беше прекината тригодишната хегемонија на Реал Мадрид во Лигата на Шампионите. Амстердамскиот колос стана првиот што ги елиминирал „белите“ од 2015 година во овој турнир, при тоа по домашен пораз во Холандија со 1: 2.