Арсенал и официјално го објави на клупскиот сајт трансферот на поранешниот дефанзивец на Челзи, Давид Луис. Дефанзивецот потпиша 2-годишен договор со клубот од Северен Лондон.

Трансферот беше објавен по официјалниот крај на трансфер-прозорецот, кој заврши во 18 часот по македонско време. Сепак, двата клуба веќе го завршиле делот околу документацијата и го финализираа договорот.

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, кој веќе соработуваше со Луис во Пари Сен Жермен, ги сподели своите очекувања по трансферот.

– Давид има огромно искуство и јас со нетрпение очекувам повторно да работам со него. Тој е добро познат играч кој додава стабилност на нашата одбрана, рече Емери.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2019 10:50