Енди Керол се врати во Њукасл по осум и пол години. Тој беше слободен агент откако неговиот договор со Вест Хем не беше обновен. Неговиот договор со „страчките“ е до крајот на сезоната 2019/20, а 30-годишниот Керол е петто ново засилување во тимот на Стив Брус ова лето.
– Многу е убаво. Моето семејство и пријателите се тука, и ова е клубот што го поддржувам од дете. Се вратив дома. Ова е единственото место, на кое сакам да бидам, рече Керол.
Керол постигна 33 гола за време на својот прв претстој во клубот. Токму по неговите добри настапи во дресот на „црно-белите“, напаѓачот беше забележан од Ливерпул, а подоцна привлечен за рекордни во тоа време 35 милиони фунти.
– Енди е многу возбуден што е дома и тој ќе биде уште една одлична опција за нашиот напад. Тој ќе ни донесе нешто различно од она, што го имавме досега и ќе му помогнеме повторно да лета, рече тренерот Стив Брус.