Англискиот клуб Челзи на својата веб-страница и официјално ја потврди разделбата со Антонио Конте. Под водство на Италијанецот, „сините“ ја освоија својата шеста титула во Англија и по осми пат во својата историја го кренаа трофејот од ФА Купот.
Англиски Ливерпул ја активираше клаузулата за ослободување во договорот на швајцарската ѕвезда Џердан Шаќири со Стоук Сити, пишува „Ливерпул Ехо“.
Манчестер Јунајтед ги насочил своите сили за да го договори трансферот на Хари Мегваер од Лестер, објави денес „Дејли мејл“.
Играчот од средниот ред, Хамес Родригез сака да се врати во Реал Мадрид, пренесе „Марка“ на својата прва страница.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 170 милиони евра за трансфер на најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар и да го доведе како замена за Кристијано Роналдо.
Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард беше задоволен од победата на Шкотите со 2:0 дома против македонскиот тим Шкупи во квалификациите за Лига Европа. Головите на Џејми Марфи и капитенот Џејмс Таверниер им помогнаа на „сините“ да земат солидна предност пред судирот во Скопје.
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс изјави дека трансферот на супер ѕвездата Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус е поврзан со неговото ривалство со најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.
Менаџерот на Челзи, Антонио Конте нема намера да си замине без борба од Лондон. Италијанскиот стратег е бесен дека клубот не му исплатил на него и на неговите помошници надомест од 11 милиони евра за предвремено раскинување на договорот.
Шкупи со пораз од 2:0 на гостувањето кај Глазгов ренџерс го започна воведното квалификациско коло за Лига Европа. Пред повеќе од 50.000 гледачи тимот на Стивен Џерард го искористи домашниот терен и поведе со голот на Џејми Марфи во 23-та минута.
Тренерот на Вардар, Бобан Бабунски, на прес-конференцијата по натпреварот во Ереван, изјави дека на реваншот очекува неговиот тим да се покаже во подобро светло.