Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, повторно зборуваше за иднината на Герет Бејл. Велшкиот репрезентативец играше во контролниот натпревар на Арсенал во Вашингтон. Тој се појави на теренот во второто полувреме, а 10 минути подоцна постигна гол за 1:2. Бејл, исто така, промаши и пенал при ударите од 11-метри, но на крајот Реал победи со 3:2 по пенали.
По натпреварот, Зидан ја коментираше ситуацијата со Герет, откако објави дека е „најдобро за секого“ да го напушти Реал Мадрид, што доведе до бројни реакции, вклучувајќи и напад од страна на агентот на играчот.
– Герет одигра добар меч, играше добро. Јас сум среќен за него. Засега тоје со нас. Играше затоа што сакаше да игра, не сакаше пред неколку дена. Тоа беше моја одлука, а во иднина ќе видиме што ќе сеслучи. Ништо не се сменило, знаете каква е ситуацијата, изјави Французинот по дуелот во Вашингтон.