Напаѓачот на Барселона и Аргентина, Лионел Меси, доби мала казна од Јужноамериканската фудбалска конфедерација за неговите негативни коментари за време на Копа Америка.

По поразот од Бразил со 0:2 во полуфиналето, Меси ја критикуваше работата на судијата, ја обвини корупцијата во фудбалот за поразот, а подоцна не се појави на церемонијата за доделување на бронзениот медал.

Од КОНМЕБОЛ се заканија со брутални санкции за Аргентинецот, но по добивањето на официјалното извинување, тие беа омекнати до парична казна од 1.500 долари и дисквалификација за еден натпревар.

Претставниците на аргентинската федерација објаснија дека под „корупција“ Меси мислел на конкретни судии, а не високи функционери во организацијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 12:54