Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес, нема да се кандидира за нов мандат во ноември, напуштајќи го клубот по 40 години работа.

Весникот „Билд“ прв излезе со веста дека Хенес повеќе не сака да биде на чело на неговиот омилен клуб. Тој исто така ќе ја напушти функцијата претседател на надзорниот одбор на клубот.

Хенесе изрази желба да биде заменет со поранешниот шеф на Адидас, Херберт Хајнер, кој сега е меѓу неговите најблиски соработници.

Веќе во зима, Ули навести дека размислувал да се повлече, а тогаш кажа дека ќе донесе конечна одлука кон крајот на јуни.

– Ќе се откажам кога ќе видам дека работите се случуваат во клубот онака, како што јас сакам. Сакам да го напуштам клубот во добри раце и во добра состојба, рече Хенес.

Една причина за напуштање на шефот е острата критика кон него на претходното годишно собрание од фанот, Јоханес Бахмајер.

– Не сум доживеал ништо слично, тоа не е мојот Баерн, тогаш беа зборовите на Ули, цитирани од „Билд“.

Хенес се приклучи на раководството на клубот веднаш по завршувањето на неговата фудбалска кариера во 1979 година, кога беше менаџер на клубот. Во 2009 година тој стана претседател и го зазеде местото до денес со прекин од 2 јуни 2014 година до есента 2016 година поради неговата казна затвор за затајување данок.

Ули Хенес се смета за најважната фигура во модерната историја на баварскиот гигант. Тој го спаси клубот од банкрот со важни договори во 1980-тите, а успеа да оствари профит од продажбата на главни играчи.

Пред четириесет години, клубот имаше само 20 вработени, денес тие се над 1.000. За тоа време, Баерн ја освои два пати Лигата на шампионите и 29 титули.

Во 1979 година, прометот на Баерн е 12 милиони марки, а денес тој изнесува 657,4 милиони евра. Членовите на клубот се зголемуваат од 6.616 на 290.000, а Хенес има голема заслуга во изградбата на „Алијанц Арената“, модерен центар за тренинг, како и за претворањето на кошаркарскиот тим во водечка германска сила.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2019 13:12