Фудбалерот на Кристал палас и репрезентацијата на Белгија, Кристијан Бентеке, изјави дека напаѓачот на Челзи, Еден Азар од рана возраст е обожавател на Реал. Поради тоа тој се надева дека во многу скоро време ќе биде официјализиран преминот на Азар во „кралскиот клуб“.
Адвокатот на Надџила Триндаде, која го обвини напаѓачот на ПСЖ и бразилската репрезентација Нејмар за силување и напад, објави дека неговиот клиент добила телефонски закани од „влијателни луѓе“, објавија тамошните медиуми.
Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој следниот месец ќе стане слободен агент, може да ја продолжи кариерата во Шпанија. Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марзио, Барселона е заинтересирана за склучување договор со 41-годишен голман.
Неколку навивачи на Полска се приведени вчеравечер во центарот на Скопје, откако меѓусебно се степаа во едно кафуле. Македонската полиција екпресно реагираше и за кусо време го реши инцидентот.
Селекторот на Англија, Гарет Саутгејт по поразот од Холандија синоќа во полуфиналето од Лигата на нациите (1:3), рече дека потфрлила одбраната, дозволувајќи му на противникот лесни голови.
Холандската фудбалска репрезеннтација ќе игра во финалето на Лигата на нации, откако синоќа во второто полуфинале ја победи Англија со 3:1.
Потпретседателот на ФИФА и претседател на Африканската фудбалска конфедерација (ЦАФ) Ахмад Ахмад е приведен денеска во Париз, под обвинение за корупција и сексуално вознемирување.
Се чекаат уште резултатите од лекарскиот преглед за Фердинанд Менди, па да се стави потпис на договорот со Реал, вреден 50 милиони евра.
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година забележа победа против Финска на контролниот натпревар одигран во Трнава, Словачка.
Спонзорот на Ливерпул „Њу баланс“ за утре најави објавување на новиот гостински дрес на европските шампиони за следната сезона