Легендарниот италијански бек Андреа Бардзали, кој се прости од „Старата дама“, на заминување на јавноста и откри нова вест.

Станува збор за ново засилување на клубот од Торино, односно дека од Ѓенова ќе дојде Кристијан Ромеро.

-Ромеро има голем потенцијал. Тој ќе се приклучи на групата играчи кои можат многу да го научат, освен тоа, тука се Бонучи и Кјелини, изјави Бардзали за „Газете дело Спорт“.

Сега веќе пензинираниот играч на Јувентус, за оваа екипа одиграл 281 натпревар, а постигнал два гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 21:45