Фудбалерот на Реал, Герет Бејл е решен да остане во тимот и покрај тоа што немаше стандардно место во почетниот состав по враќањето на тренерот Зинедин Зидан.

Како што пишува шпански „АС“ повикувајќи се на извор близок до играчот, Велшанецот нема да го напушти клубот. Сепак, треба да се почека одлуката на раководството во случај да стигне сериозна понуда од заинтересиран купувач за Бејл.

Се шпекулира дека Реал за околу 50 милиони евра би прифатил предвремен раскин на договорот.

Во сезоната што заврши, 29-годишниот Герет Бејл настапи на 42 натпревара за Реал Мадрид, постигна 14 гола и оствари шест асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 12:37