Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека по финалето на Лигата на шампионите ќе треба да седне и да разговара со управата на лондонскиот клуб за неговиот натамошен ангажман.

-Има уште доста работа што треба да за заврши со Тотенхен, но се разбира дека сум мотивиран да останам тука и да му овозможам на клубот да го освои тоа што го заслужува, изјави Покетино за „ТалкСпорт“.

Сепак, аргентинскиот стратег и покрај големата мотивираност после големиот успех на неговата екипа, не потврди со сигурност дека ќе остане на кормилото на „спурси“ и следната сезона.

-Сега се работи само за победа на финалето на Лигата на шампионите, па потоа ќе разговараме за тоа како ќе го изградиме тој следен чекор. Тоа е меѓу мене и сопственикот Даниел Леви. Мораме да разговараме за да разберам кои се неговите идеи за следниот чекор, изјави тренерот на лондонскиот клуб.

Тотенхем на 1 јуни во Мадрид ќе игра на финалето на Лигата на шампиони против екипата на Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 21:43