Вториот на табелата во германската Прва Бундеслига, Борусија Дортмунд постигнал „принципиелен договор“ со дефанзивецот на Хофенхајм – Нико Шулц за негов трансфер на „Сигнал Идуна Парк“ во текот на летото, пријави „Билд“
Словенечкиот голман на Атлетико Мадрид, Јан Облак потпиша нов договор со шпанскиот клуб, се пофалија на официјалниот сајт „јорганџиите“. Новиот договор ќе го задржи на „Ванда Метрополитано“ до 30 јуни 2023 година
Антонио Конте е еден од изненадувачките кандидати за нов тренер на Баерн Минхен, информира италијанскиот весник „Кориере дело спорт“.
Поранешниот капитен на Франција, Патрик Виера, кој во моментов го води тимот на Ница, може да го преземе Лион во блиска иднина, објави весникот „Паризиен“.
Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во француската Лига 1 против Нант, објави „Ле Паризиен“.
Ајакс од Амстердам е првиот клуб во историјата на Лигата на Шампионите кој стигнал до полуфиналето на Лигата на шампионите, а настапил во трите квалификациски рунди пред да влезе во групната фаза.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите, рече дека ќе остане во тимот.
За прв пат по 2010 година, Кристијано Роналдо нема да игра во полуфиналето на Лигата на шампионите. Неговиот тим Јувентус, синоќа на домашен терен загуби од Ајакс со 2:1 во реванш четвртфиналето и е елиминиран со вкупни 3:2.
Екипите на Барселона и на Ајакс изборија учество во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони по победите над своите ривали во реваншите од четвртфиналната фаза.
Една од легендите на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го посочи големиот ривал Барселона за фаворит во Лигата на Шампионите оваа сезона