Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, по елиминацијата од Ајакс во четвртфиналето на Лигата на шампионите, рече дека ќе остане во тимот.

– Пред неколку дена се сретнав со претседателот на клубот и му кажав дека ќе останам во Јувентус. Заедно со раководството седевме и разговараме за иднината на клубот, изјави Алегри за „Фудбал Италија“.

Педесет и едногодишниот Алегри, заедно со Јувентус, освои четири шампионски титули, на дофат е и петтата во низа во италијанскиот шампионат. Двапати стигна до финалето на Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 10:26