Вториот на табелата во германската Прва Бундеслига, Борусија Дортмунд постигнал „принципиелен договор“ со дефанзивецот на Хофенхајм – Нико Шулц за негов трансфер на „Сигнал Идуна Парк“ во текот на летото, пријави „Билд“.

Според изданието, Шулц има ослободувачки клаузула во вредност од 20-25 милиони евра во договорот со Хофе, кој истекува во 2021 година.

Тренерот на „жолто-црните“ од Дортмунд, Лисјен Фавр сака да го засили составот на тимот со нов лев бек, бидејќи ниту Марсел Шмелцер, ниту Џереми Тројан, кој е на позајмица во Селтик, не влегуваат во неговите планови за иднината.

Дваесет и шест годишниот Шулц има 26 натпревари, 1 гол и 5 асистенции во Бундеслигата во сезоната 2018/19. Тој има и 2 гола во 6 натпревари за репрезентацијата на Германија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 17:00