Поранешниот капитен на Франција, Патрик Виера, кој во моментов го води тимот на Ница, може да го преземе Лион во блиска иднина, објави весникот „Паризиен“.

Во моментов, тимот на 42-годишниот стратег е рангиран на осмото место, а долго време беше меѓу кандидатите за место во Лигата на шампионите.

Во информацијата се тврди дека претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Ола има цел список со кандидати, а Виера е на чело.

Другите кандидати за оваа функција се Кристоф Галие (Лил) и Марсело Гаљардо (Ривер Плата). Исто така се споменува името на Лорен Блан, но неговото назначување е малку веројатно.

Причината за потрагата по нов тренер е одлуката да не се обновува договорот на актуелниот ментор Бруно Женесио, кој заминува по крајот на сезоната.

Лион моментално е на трето место со 56 поени во 32 натпревари.

Претседателот Жан-Мишел Ола верува дека тимот „тапка“ во исто место и не се надградува, како што се очекувало во последните две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 14:27