Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги по победата над Еспањол (1:0) во натпреварот од 5. круг од шампионатот на Шпанија изјави дека неговите играчи се сретнаа со силен ривал.
Тигран Барсегјан во 29.минута му донесе водство на својот тим кое во второто полувреме беше удвоено со погодокот на Владица Брдаровски (63.минута).
Германскиот фудбалски стручњак Јирген Клоп денеска го предводеше Ливерпул до шестиот триумф во Премиер лигата. „Црвените“ забележаа победа со 3:0 над Саутемптон и со максимални 18 бода се на врвот на табелата.
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Фред го отвори резултатот на попладневниот натпреварот од 6. круг во од првенството на Англија против Вулверхемптон.
Македонските фудбалски репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски имаа значаен придонес во најновиот триумф на Палермо. Тимот од Сицилија попладнево во 4.коло од Серија Б ја победи Перуџа со 4:1.
Вардар сезонава има три победи и две нерешени средби во петте досегашни натпревари, а голманот Филип Гачевски се надева дека вечерва ќе биде остварен четвртиот триумф во првенството.
Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, ќе присуствува на натпреварот од шестиот круг од првенството на Англија помеѓу „црвените ѓаволи“ и Вулверхемптон.
Фудбалската федерација на Македонија изминатите два дена беше дел од состанокот во Букурешт на кој учествуваа претседателите и генералните секретари на фудбалските федерации од 14 земји од Југоисточна Европа, и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Русија, Србија, Словенија и Турција.
Екипата на Работнички го пречекува Вардар вечер со почеток во 19 часот во градското дерби со кое ќе биде отворено шестото коло од домашниот шампионат.
Тренерот на Јувентус, Масимилиано Аллегри, изјави дека клубот во Торино не зависи од никого, па ниту од напаѓачот Кристијано Роналдо.