Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле може да го пропушти натпреварот од 26. коло од фудбалскиот шампионатот на Италија против Рома.

Според „Фудбал Италија“ 29-годишниот Имобиле има повреда на колкот.

Тренерот Лацио, Симоне Инзаги по натпреварот со Милан (0:0) забележа дека Имобиле не е во оптимална форма. Се претпоставува дека неговото место во тимот ќе го заземе Јоакин Кореа.

Лацио е на 8. место на табелата во Серија А со 38 бодови, додека Рома со 44 бода се наоѓа на 5. Позиција, но има и натпревар повеќе од градскиот ривал.

Натпреварот с еигра вечер на „Олимпико“ во Рим со почеток во 20:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2019 15:56