Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, даде свое видување за денешниот дуел со Саутемптон кој заврши 3:2 со гол за победа постигнат во самиот финиш.
– Имавме повеќе карактер и верба во квалитетите. Нас не ни фалеше класа. Моравме да водиме со 2:0 веќе по пет минути. Како и да е, на крајот освоивме три бода и сме сречни поради тоа, изјави Солскјер.
Тој додаде дека противникот постигнал два погодока по неверојатни удари и на тој начин предизвикот за неговите избраници бил голем.
– Тоа беше сериозен предизвик. Сега имаме три бода повеќе од Тотенхем. Остануваат уште девет натпревари до крајот. Решив дека додека сум тренер тука, да уживам во секоја секунда, нагласи Солскјер.