Европската фудбалска федерација (УЕФА) наскоро ќе побара исклучување на Манчестер сити од Лигата на шампиони поради кршење на финансискиот фер-плеј, но и многу други спорни зделки, наведува „Њујорк тајмс“.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, го оцени како најдобар натпревар на тимот оваа сезоната, дуелот против Манчетсер јунајтед од групната фаза од Лигата на шампионите. Англичаните го добија мечот со 2:1.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, рече дека второто место во Премиер лигата во оваа сезона има поголема тежина од неговите титули на чело на Борусија Дортмунд во 2011 и 2012 година.
УЕФА му го довери финалето на Лигата на Европа на италијанскиот судија Џанлука Роки, во кое ќе се соочат англиските клубови Челзи и Арсенал на 29 мај во Баку.
– Не, не мислам да поднесам оставка. Воопшто не ми паѓа на памет. Очекував навивачите да ни дадат поддршка, па затоа ние сме среќни и благодарни, изјави Валверде.
Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас разбрал од шефовите на кралскиот клуб дека нема иднина за него на „Сантијаго Бернабеу“, тврди „ЕлЧирингито“, а веста беше потврдена и од „Марка“
Напаѓачот на Барселона и уругвајската репрезентација, Луис Суарез е сигурен дека ќе биде опоравен и ќе биде во можност да учествува на турнирот Копа Америка, кој ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули
Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, сигурно ќе ја продолжи својата кариера во Реал Мадрид, вели „Екип“
По крајот на сезоната, Аријен Робен ќе го напушти Баерн Минхен. Холанѓанецот стана легенда на „Алијанц арената“, каде што играше 10 години
Италијанскиот клуб Палермо, во кој настапуваат нашите репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, е испратен во Серија „Ц“. Одлуката ја донесува обвинителството во Италија