Претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, објави дека неговата земја подготвува заедничка кандидатура за Светското првенство во 2030 година со Аргентина, Уругвај и Парагвај.
– Пред неколку месеци, предложив на претседателите на овие три земји да се приклучат на апликацијата на Чиле и да поднесеме заедничка кандидатура за Светското првенство. Предлогот беше одобрен, пишува Пињера на Твитер. За заедничката кандидатура било разговарано со јужноамериканската фудбалска федерација КОНМЕБОЛ и беше одобрена. Со организацијата во 2030 година, земјите сакаат да одбележат век од спроведувањето на првото Светско првенство во Уругвај во 1930 година.
Апликација за заедничка организација исто така поднесоа до Бугарија, Грција, Романија и Србија. Од 2026 година, бројот на земји што учествуваат на светските шампионати ќе се зголеми на 48.