Напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл ризикува да биде казнет до 12 натпревари поради гестот кој го направи при празнувањето на голот против Атлетико Мадрид од дербито во Ла Лига минатиот викенд.

Шпанската фудбалска лига се обрати до Дисциплинската комисијата при шпанската фудбалска федерација поради положбата на рацете на фудбалерот.

Според сигналот, Бејл направил непристоен и арогантен гест кон навивачите.

Опциите се три:

1. Комисијата да го оцени ова како намерна провокација кон навивачите, која довела до непријателска реакција од нивна страна. Затоа казната е од 1 до 12 натпревари.

2. Комисијата да го оцени ова како намерна провокација кон навивачите која „НЕ“ довела до непријателска реакција од нивна страна. Затоа казната е од 1 до 3 меча.

3. Комисијата да го остави случајот без последици

Од февруари 2018-та година, Ла Лига пренасочува кон Дисциплинската комисија секаква пројава на празнување на погодок, која може да доведе до тензии меѓу приврзаниците.

Како што е познато, слична казна му се заканува и на Серхио Рамос – во Лигата на шампионите, откако призна дека намерно си заработил жолт картон против Ајакс во средата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 18:27