Поранешниот агент на напаѓачот на Интер, Мауро Икарди – Аблан Морено, зборуваше пред „Фудбал Италија“ за ситуацијата околу играчот. Фудбалерот беше лишен од капитенската лента, а исто така не беше вклучен во групата за натпреварот од шеснаесетфиналето на Лига Европа против Рапид Виена.
– Мауро се промени. Го промени своето размислување и ставовите. Отстрана изгледа очигледно. Искрено, го очекував тоа и мислам дека најлошото допрва претстои. Интер ја направи вистинската работа (што го му ја одзеде лентата). Со оглед на однесувањето на неговото опкружување, клубот се однесува соодветно, вели Морено.
Агентот додаде дека кога тој ги претставувал неговите интереси, сè било решавано на професионален и помалку јавен начин. Сега тоа не е случај.
– Сега, Икарди повеќе не ја контролира својата судбина. Тој треба да биде внимателен, бидејќи Интер даде јасно до знаење на сите клубови во светот, дека овој играч има проблеми. Јас не го гледам Мауро како мој пријател. Тој покажа колку му значам, кога ме оставајќи при појавувањето на Ванда. Мислам дека овој избор влијаеше на неговата кариера. Се што се случува е резултат на неговите активности, изјави Морено пред италијанското издание.