Репрезентацијата на Македонија ги започнува подготовките за натпреварите со Италија и Лихтенштајн. На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг во 18:00 часот ќе недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не се сложува со употребата на ВАР технологијата при сите спорни ситуации. Според него тоа може да ги пролонгира натпреварите и да ја „уништи“ динамиката.
Македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје ги започнува подготовките за квалификациските натпревари против Италија и Лихтенштајн за Светското првенство 2018 во Русија.
Јаневски истакна дека и покрај заморот кој што е очигледен поради европските натпревари, неговите момци стигнале до вредни три бода со екипа која во последно време имаше добри резултати.
Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар славеше минимална победа над Шкупи попладнево на арената „Филип Втори“ во последниот натпревар од 9.коло.
Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитес утре ќе го предводи својот тим на гостувањето кај Ливерпул во дуел од Премиер лигата, за кој вели дека ќе биде посебен за него.
Кристал палас, последнопласираниот тим на Премиер лигата остана без напаѓачот Кристијан Бентеке, кој ќе паузира околу месец и пол.
Серхио Кун Агуеро, напаѓачот на Манчестер сити, се огласи по сообраќајната несреќа во која беше повреден.
Бенџамин Менди, фудбалерот на Манчестер сити, во четвртокот изјави дека долго ќе отсуствува од теренот бидејќи ги скинал лигаментите.
Јувентус, актуелниот шесткратен шампион на Италија, ќе биде лишен од услугите на еден од најдобрите играчи Миралем Пјаниќ околу еден месец поради повреда на препоните.