Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, по победата над Борусија во осминафиналето од Лигата на шампионите (3:0) ги нарече своите избраници херои.

Не сакам да кажам дека тимот во првото полувреме беше нервозен, но во вториот дел одигравме многу добро. За време на паузата, ние им покажавме на играчите неколку ситуации кои би можеле да се завршат различно. Се обидовме да му помогнеме на тимот да ги донесе вистинските одлуки и да дејствува на најдобар можен начин. Плус, секогаш ти треба среќа. По првиот гол почнавме да играме со поголема самодоверба. Момците ги заслужуваат најубавите зборови бидејќи покажаа фантастична игра. Моите играчи се херои, изјави Покетино. Сепак, и покрај големата предност од три гола, тренерот на Тотенхем во никој случај не смета дека победникот е решен.

Тоа беше само одлична игра што ја играат моите играчи. Ова е само првата половина од пресметката. 3: 0 е многу добар резултат, но мораме да одиме во Дортмунд како да е 0:0. Има уште многу работа, вели Покетино.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 09:44