Колин Руни повторно го губи трпението со својот познат сопруг, англиската фудбалска ѕвезда Вејн Руни, објави британскиот печат.

Нивниот 10-годишен брак неколкупати паѓаше во криза, поради неговото пиење и „дружењето“ со други жени.

Според извор близок до сопругата на фудбалерот, која повторно размислува за развод, Руни наводно го минал Супер-Боул викендот пијан во бар, заведувајќи ја келнерката.

– Колин и семејството на Вејн сакаа да побараат и професионална помош, а таа му рекла дека ќе се разведе од него ако не престане да пие и да ја изневерува, изјави изворот.

Колин претходно изјавуваше дека се надева оти преселбата во САД „ќе го скроти“ фудбалерот.

Руни моментно игра за фудбалскиот клуб ДЦ Јунајтед од американскиот главен град Вашингтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 15:02