Премиерлигашот Челзи се чини го најде напаѓачот, кој ќе биде ангажиран во летниот трансфер прозорец како замена за Оливие Жиру.

На Французинот на крајот на сезоната му завршува договорот и тој ќе го напушти тимот.

Според „Билд“, англискиот клуб има намера да го купи фудбалерот кој од Бенфика игра на позајмица во Ајнтрахт. „Сините“ од Лондон за овој трансфер ќе издвојат 45 милиони евра.

Оваа сезона, 21-годишниот Србинот играше на 27 натпревари во сите натпреварување, постигна 19 гола и оствари четири асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 15:17