Манчестер Јунајтед официјално го продаде Маруан Фелаини на Шандонг Лунганг, пренесеофицијалната страница на клубот.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино за првпат јавно ги призна недоразбирањата со претседателот на клубот Даниел Леви и разочарувањето од трансферната политика на клубот.
Катар го оствари најголемо достигнување во фудбалската историја и го освои Купот на Азија. Во финалната средба во Абу Даби, фудбалерите на Феликс Санчез го потчинија тимот од Јапонија, победувајќи го четирикратниот шампион на континентот со 3:1, за да стигнат до титулата.
По затворањето на трансфер прозорецот, Тотенхем постави необичен рекорд. „Петлите“ не купиле ниту еден фудбалер, но се разделија со Муса Дембеле и Жорж Кевин Нкуду.
Манчестер Јунајтед не се засили за време на зимскиот трансфер прозорец, но клубот веќе утврди какви ќе бидат нивните трансфер цели во текот на летото. До крајот на сезоната, гигантот од Англија ќе треба да одлучи кој ќе биде постојан менаџер на тимот и кој ќе биде назначен за спортски директор. Токму вториот треба да работи на летниот трансфер список.
Селекторот на Албанија, Кристијан Панучи може да ја преземе Рома, пишува „Калчо Меркато“. 45-годишниот стратег се смета за фаворит да гонаследи Еузебио ди Франческо, кој во последно време покажува лоши перформанси на челона „волците“.
Менаџерот на Кардиф Сити, Нил Ворнок се пожали дека трагедијата со Емилијано Сала се одразила многу лошо на трансферната политика на клубот. 28-годишниот Сала исчезна денови откако потпиша со велшкиот тим, откако авионот кој го превезуваше од Нант, се урна над Ламанш.
Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот Диего Армандо Марадона го критикуваше претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, и посочи дека организацијата не е променета од заминувањето на Сеп Блатер поради корупциски скандал.
Играчот на Челзи, Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер во 2018 година, соопшти прес-службата на националниот тим.
Италијанскиот фудбалски стручњак Антонио Конте, во интервју за „Ла Газета дело Спорт“ изјави дека на есен му било понудено да го предводи Реал Мадрид, но тој ја одбил понудата.