Францускито фудбалски шампион ПСЖ ќе биде ослабен во следните два натпревара со неиграњето на Нејмар кој се повреди на средбата со Бордо изминатиот викенд.
Според „Л'Екип" Бразилецот нема сериозна повреда, а тренерот сака да го одмори на претстојните натпревари од Лига 1, со Стразбур и Монпеље.
Парижаните сакаат Нејмар да биде во составот за натпреварот од Лигата на шампионите со Црвена Ѕвезда, кој ќе се одржи на 11. декември.