ФИФА денеска ја објави распределбата на средства од програмата на светската фудбалска централа за компензација на клубовите за нивните фудбалери, кои учествуваа на Мундијалот 2018. Вкупно 209 милиони долари се распределени меѓу 416 клуба од 63 земји.

Нема посебно изненадување за десетте клубови кои имаа најмногу играчи на теренот во Русија и затоа имаат најголеми надоместоци. Тоа се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Тотенхем, Барселона, ПСЖ, Челзи, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Јувентус и Монако.

Трите клубови со најголем број ослободени играчи се Челзи (19), Манчестер Сити (19) и Реал Мадрид (18).

За односот на распределбата на износите по федерации најмногу доби Англија (37.406.940), следена од Шпанија (22.572.080) и Германија (18.920.672).



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 17:27