Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, соопшти дека не треба да им се верува на информациите од „Фудбал Лејкс“ за наводно допингување на капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Според изворот, Шпанецот бил позитивен на допинг-тест пред финалето на Лигата на шампионите во 2017 година, но не бил казнет по писмо испратено од клубот до УЕФА.

Не треба да разговарате за ова. УЕФА има писмена изјава од ВАДА која јасно наведува дека правилата не биле повредени. Најавторитетното тело во светот вели дека сè е во ред. Немам ништо повеќе да кажам, изјави Чеферин.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2018 15:04