Серхио Агуеро стана третиот фудбалер во историјата на Премиер лигата кој успеал за еден клуб да постигне 150 голови.
Актуелниот шампион во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкендија го искористи киксот на Вардар и со сигурната победа над Шкупи се искачи на првото место на табелата.
Вејн Руни ќе ја прекине за кратко репрезентативната пензија и во ноември ќе го одигра прошталниот натпревар од англискиот национален состав. Мечот против селекцијата на САД ќе биде официјално збогување на стрелецот на рекордни 53 гола за Англија. 33-годишниот Руни, последен пат за тимот на „гордиот Албион“ играше во ноември 2016 година во победата над Шкотска од 3-0.
Германскиот шампион Баерн Минхен одигра нов неубедлив натпревар под водство на Нико Ковач. Баварците направија кикс во својот домашен натпревар во Фрајбург, кој извлече бод во последните минути. Баерн поведе во 80-тата минута со првиот гол на Серж Гнабри за клубот, но во 89-тата минута Лукас Холер ги уништи надежите на шампионите.
Шпанскиот фудбалски шампион Барселона се наоѓаше пред пораз на синоќешното гостување во Мадрид кај Рајо Ваљекано, но Каталонците преку Усман Дембеле и Луис Суарез постигнаа два гола во последните три минути и стигнаа до нова победа во Ла Лига.
Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао смета дека навивачите со право се лути на тимот. Монако нема победа на 14 натпревари во низа во сите турнири.
Тренер на Наполи, Карло Анчелоти искажа пофални зборови за напаѓачот на ПСЖ и француската фудбалска репрезентација Килијан Мбапе.
Напаѓачот на Лос Анџелес Галакси, Златан Ибрахимовиќ, води разговори со калчолигашот Милан.
Тренерот Марсело Галардо доби суспензија на четири натпревари по што нема да може да го предводи својот тим Ривер Плејт во финалето на најсилното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка – Копа Либертадорес.
Сантијаго Солари е најдобриот тренер дебитант на клупата на Реал Мадрид во последните 61 година. Тој стартуваше со две победи, а последен тоа пред него го направил Луис Карниља во далечната 1957 година.