Ливерпул ќе се обиде да влезе во историјата на англиската Премиер лига како првиот тим со седум победи од првите седум натпревари во сезоната.
Во Реал Мадрид тешко дека биле толку изненадени кога на крајот на сезоната Зинедин Зидан одлучи да го напушти клубот. Тогаш претседателот Флорентино Перез објасни дека тоа е голем шок за сите, бидејќи никој не очекувал такво нешто.
Антонио Конте е првиот избор на Милан за замена на Џенаро Гатузо, но судскиот процес на Италијанецот со Челзи претставува сериозна пречка, објави „Газета Дело Спорт“.
Носителот на Суперкупот на Европа 2018 Атлетико Мадрид, ќе се стреми да го повтори позитивното претставување против градскиот ривал Реал Мадрид и да ги пренесе победничките емоции од финалето во Талин на почетокот на сезоната во големото дерби од 7-то коло во Ла Лига.
Екипата на Вардар денес од 15 часот гостува на Победа во рамките од 8. коло во Првата лига, а натпреварот ќе се игра на неутрален терен на стадионот во Штип. Со победата над Силекс минатото коло, Вардар се искачи на врвот на табелата, откако „црвено-црните“ се во серија од три победи по ред - Шкупи, Работнички, Силекс.
Кошмарот на ѕвездата на репрезентацијата на Англија и Тотенхем, Деле Али се чини дека нема крај. Офанзивниот фудбалер повторно заработи повреда на тетивата, која настрада и претходно во септември, кога имаше настап со националниот тим.
Суперѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе ја тужи 34-годишната Кетрин Мајорга поради штетите, нанесени од нејзините обвиненија во „Шпигел“ дека тој ја силувал.
Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи изјави дека гледа позитивни промени во клубот за периодот во кој тој не беше дел од составот на „старата дама“.
Генералниот директор на Интер, Алесандро Антонело изјави дека во клубот работат многу сериозно, за да биде скратена предноста на Јувентус на финансиски, организациски и кадровски план.
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ГФС), Рајнхард Гриндел не е задоволен од однесувањето на Месут Озил. Играчот од средниот ред на Арсенал по СП 2018 одлучи да го напушти Бундестимот, а потоа ги избегнуваше средбите со официјалните претставници на федерацијата и тренерот Јоаким Лев.