Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан потврди дека првата ѕвезда на „кралскиот клуб“, Кристиано Роналдо е подготвен да игра, но колку ќе биде решено пред утрешниот мечот од на националната арена „Филип Втори“ против Манчестер Јунајтед.
„Кралскиот тим“ во Скопје допатува во најсилен состав, во кој е и првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо. Капитенот на тимот, Серхио Рамос, вели дека утре Реал Мадрид ќе има состанок со „историјата“.
Горан е најдобриот играч во македонската историја. Тој е звучно име тука. Приватен авион може да направи чуда, убеден е тренерот на црвените ѓаволи Жозе Мурињо.
– Овој натпревар е важен. Ова е голем натпревар, голем настан, да не го потценуваме. Големо постигнување е да се биде дел од ова натпреварување. Затоа го сфаќаме овој меч многу сериозно. Да се почне сезоната со трофеј, е фантастично нешто – рече Керик.
Видео од дел од тренингот на Манчестер јунајтед на стадионот во Скопје, кој иако Мурињо се пожали за високите температури сепак „Црвените ѓаволи“ почнаа да се адаптираат.
Португалецот откри дека се обидел да го адаптира својот тим на жешкото време во Скопје бидејќи знаеле каква температура ги очекува. Сепак, сметките му ги расипале дождовите во Манчестер.
Во продолжение можете да го проследите во живо тренингот на Реал Мадрид од Телеком арената во Скопје.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо првпат е во Македонија и се надева дека нашиот главен град ќе му донесе среќа да го освои првиот Суперкуп на Европа во неговата кариера.
УЕФА одлучи дека за време на натпреварот од Суперкупот на Европа ќе има паузи за „ладење“ на фудбалерите, поради високата температура во нашиот главен град.
УЕФА со видео во живо од соблекувалните во арената Филип Втори.