За Лигата на шампионите тоа се ножичките на Кристијано Роналдо во дресот на Реал Мадрид против Јувентус. За Лига Европа тоа е голот на Димитриј Паје за Олимпик Марсеј против РБ Лајпциг, а за европските квалификации за СП 2018 беше номиниран Данецот Кристијан Ериксен за неговиот гол против Ирска.
Италијанскиот гигант Интер потпиша нов договор со тренерот Лучано Спалети, откако стратегот ќе остане на „Џузепе Меаца“ до јуни 2021 година, објави официјалната веб-страница на „нероазурите“.
Четири играчи на Барселона се уште треба да си најдат нови тимови за време на летниот трансфер.
Екипите од Премиер лигата на Англија потрошија над 200 милиони фунти помалку за трансфери ова лето, во однос на истиот период минатата година, покажува истражувањето на финансиската компанија „Делојт“.
Напаѓачот Марио Манџукиќ преку порака на Инстаграм објави повлекување од репрезентацијата на Хрватска.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска соопшти дека бил известен од раководството на ФК Вардар на чело со Сергеј Самсоненко, дека тој повеќе нема да инвестира во клубот.
Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Крег Риди изјави дека анти-допинг службите на Светското првенство во Русија биле добро организирани.
Поранешниот голгетер на Барселона и Интер, Самуел Ето, кариерата ќе ја продолжи во Катар, соопшти денеска истоимениот фудбалскиот клуб од Доха.
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во интервју за МИА најавува дека може да ја заврши богата фудбалска кариера идната или најдоцна во 2020 година.
Еден од најдобрите фудбалери на Милан, Шпанецот Сусо, и покрај интересот на Рома, нема намера да го напушти „Сан Сиро“ и е подготвен да потпише нов договор со „росонерите“ објави „Газета дело Спорт“.