Англиските медиуми пренесуваат дека по дербито на Манчестер на „Олд Трафорд“, се случил инцидент во соблекувалната во којшто учествувал и менаџерот Жозе Мурињо.
Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговата екипа на гостувањето дошла да игра фудбал, а тоа, според неговите зборови, го покажува и статистиката.
Борусија Дортмунд по серијата лоши резултати, го отпушти тренерот Петер Бос, а клупата на „милионерите“ ја презеде Петер Штегер, поранешниот шеф на стручниот штаб на Келн.
Екипата на Палермо се искачи на врвот во Италијанската Серија-Б откако славеше убедливо на жешкото гостување во Бари дури со 3-0.
Со оваа победа Манчестер Сити ја продолжи својата победничка серија на 14 победи или вкупно 15 од 16.те одиграни натпревари сезонава во Пермиер лигата.
Интер засега останува на првата позиција на табелата со 40 поени, додека Јувентус има 38, колку и Наполи, но тие натпреварот од 16. коло го играат денеска против тимот на Фиорентина.
Во денешните четвртфинални натпревари на Светското клупско првенство екипите на Пачука од Мексико и Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати изборија пласман во полуфиналето славејќи со по 1:0.
Резултатот го отвори Начо во 3. минута, потоа стрелаше Кристијано Роналдо во 23. и 31. минута (пенал), Тони Крос погоди во 38. и конечните 5:0 ги постави Ашраф Хакими во 43. минута.
Со парична казна од 10 илјади евра и делумно затворање на стадионот на следниот домашен натпревар на европска сцена е казнет тимот на Зенит од страна на УЕФА.
Вардар го има најголемиот скок на УЕФА клупскиот ранкинг, објави сајтот на европската куќа на фудбалот. Нашиот тим освои бод во дуелот со Розенборг, и тоа донесе напредок од 62 места, односно од 299 позиција, сега „црвено-црната“ екипа е на 237 место.