Инспиративен комшија покрај тоа што им ја објаснил следственоста на зборовите во нашиот јазик, пробал истото да го отслика и со јазикот на науката. П.с. сигурно имал петка по хемија!
Веќе ја видовме првата оригинална охридска илустрирана „хаику“ поезија. Во тој дел во главна улога беше гуската од трети спрат, а во вториов дел во главна улога е идиотот и моронот само незнаеме од кој спрат е :D
Ако во февруари е актуелна „за добар мачор, секој месец е февруари“ тогаш во август важи „за добар мачор, секој фрижидер е добредојден“.
Кога девојка ти е од Охрид, ти од Скопје и едвај чекаш да ја видиш после две недели. Па се договорате да се најдете на пола пат. Исто ќе му дојде и кај животните :D
Таман кога си ја измила колата, возиш низ скопските улици, застануваш на семафор, ти приоѓа и не те прашува! Сама си читаш и се ти е јасно!
Кога на социјалните мрежи доминираат „наташа-нокти-скопје“, „Снеже Нокти Радишани Скопје“ и „Се За Нокти Опрема“ биди посебна меѓу нив!
Некогаш комшиската преписка е подобра и од хаику поезијата. Особено ако се работи за охрид, гуска и пердуви!
Ако некој те праша, дојде ли #ЖивотВоМакедонија, прати му ги сликиве.
Популарната сцена од тетовирање, „ај нонен, што сум кревал рака бе“ во модерна верзија!
Лесно е да помогнеш на другите учесници во сообраќајот кога ќе те прашаат нешто!