Повеќе од три милиони странски туристи ја посетија Русија за време на Светското првенство, двојно повеќе во споредба со Зимските олимписки игри во Сочи.
Репрезентацијата на Хрватска не стана светски шампион, но во земјата сите се гордеат со играчите и нивното постигнување. Дури медиумите забележаа дека покрај овој успех популарноста на земјата се зголемила за неколку пати.
Во градот Анеси, навивач одлучи да ја прослави титулата со скокање во канал, но за жал, неговиот обид за нуркање заврши фатално. Тој го скршил вратот и починал на самото место.
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ беше движечката сила на тимот на патот кон големото финале на Мундијалот 2018. И покрај поразот од Франција (2:4) во битката за титулата, фудбалерот на Реал Мадрид повторно се претстави неверојатно, а по натпреварот ја доби наградата за најдобар играч на шампионатот.
Дефанзивецот на Ливерпул и хрватскиот репрезентативец, Дејан Ловрен вчера загуби на трето по ред финале во рок од две години.
Сите медиуми во Франција посветија сериозно внимание на вчерашното наградување на француските репрезентативци, кои поминаа на пороен дожд.
Непосредно по француската победа во финалето на Светското фудбалско првенство во Москва, во Париз избија безредија.
Еден граѓанин на Украина починал во Анталија (Турција), откако бил претепан од руски насилници. 57-годишниот украински турист од Запорожје една недела беше во кома.
Хрватска си запиша нова фудбалска историја. Генерацијата на Лука Модриќ со Златко Далиќ на клупата успеа да ја надмине бронзената генерација од 1998 и сега освои сребро, по поразот со 2-4 од Франција во денешното мундијалско финале во Москва.
Капитенот на Хрватска Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Тој ја доби престижната награда „Златна топка“.