Роботот наречен „Бакстер“ ќе ги предвидува резултатите од сите натпревари на Светското првенство во Русија, објави „ТАСС“.
Во Русија за нешто помалку од четири часа почнува 21-то Светско фудбалско првенство. 32 репрезентации ќе се борат за шампионскиот трофеј кој досега во најмногу наврати го има освојувано Бразил – пет пати.
Мачорот Ахил во музејот Ермитаж во Санкт Петербург типуваше на Русија за првиот натпревар од годинешното Светско фудбалско првенство, во кој се среќаваат домаќинот и Саудиска Арабија.
Повеќе од 1.300 Британци добија забрана за посета на натпревари на Светското првенство во 2018 година како резултат на негативното минато, објавија тамошните медиуми.
Аргентинскиот репрезентативец и член на Барселона, Лионел Меси е најплатен фудбалер според магазинот Форбс. 30-годишниот Меси заработил 111 милиони долари годишно.
Светското фудбалско првенство во Русија почнува денес во 17 часот по македонско време и ќе трае до 15 јули.
Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на свеченото отворање на Светското фудбалско првенство денеска на стадионот „Лужники“ во Москва, по што ќе го следи натпреварот меѓу домаќините Русија и Саудиска Арабија (почеток 17 часот), соопшти „Кремљ“.
Репрезентацијата на Португалија е најпопуларниот тим на Светското првенство 2018 година, според податоците од социјалните мрежи. Како што објави „Марка“, португалските репрезентативци имаат околу 360 милиони фанови на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.
Кој ќе го замени шампионот Германија во одбраната на титулата – или пак Германците ќе ја потврдат својата петта светска титула и ќе станат првиот тим кој ја освоил титулата два пати едно по друго после Бразил во 1958 и 1962? Се ќе се открие на 15 Јули кога Трофејот ќе биде подигнат кон небо.
Поранешниот холандски фудбалер Патрик Клајверт (41) смета дека и Хрватска е меѓу фаворитите за освојување на титулата светски шампион.