На 84 избирачки места во Општина Велес од запишаните 45.996 избирачи до 13 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори денеска излегле 25,29 проценти или 11.633 гласачи.
Две изолирани неправилности се регистрирани во досегашното гласање за вториот круг од Претседателските избори од страна на набудувачите на граѓанската асоцијација МОСТ чии податоци покажуваат одѕив на гласачите од 21,3 проценти до 13 часот.
Излезност од 10,42 отсто денеска се бележи во општина Тетово до 13 часот, додека на 21 април за истиот период имаше 16,71 отсто.
Излезноста до 13 часот во Општина Струга е 10,15 отсто, во Ресен 20,4, а во Вевчани 22,8 проценти, соопштија претседателите на општинските изборни комисии.
Според податоците од општинските изборни комисии, во сите четири општини од Тиквешкиот регион, денеска до 13 часот, гласале повеќе избирачи отколку до истото време на 21 април.
Излезноста во Тетовско во рамки на вториот круг од претседателските избори до 13 часот е помала во споредба со првата рунда од гласањето. Општина Тетово денес до 13 часот има излезност од 10,42 отсто, за разлика од 21 април кога имаше 16,71 отсто.
Во Штип до 13 часот гласале вкупно 12.909 избирачи, од кои 6.409 жени, а 6.500 мажи или излезноста е 30,94 отсто, вели Андреева.
На гласачките места веќе шест и пол часа гласањето се одвива мирно, непрекинато и без неправилности. До 13 часот во Државната изборна комисија (ДИК) обработени се 95,39 отсто на избирачките места од кои пристигнале податоци.
Според податоците на Државната изборна комисија, до 13 часот, излезноста во Куманово е 18,94 проценти или 11477 гласачи, во Липково, 8,78 или 2 228 гласач, а во Старо Нагоричане, 21,30 проценти или вкупно гласале 709 гласачи
Гласањето во општините Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила е во тек